Укината мерката за носење маски во затворени простории во Њујорк

пред 2 години

Во Њујорк, во САД, од четврток е укината обврската за носење маски во затворени простории.

Ден претходно за тоа информираше гувернерката Кети Хочул, која изјави дека е намален бројот на нови случаи на коронавирус и хоспитализирани.

Обврската за носење маски беше воведена пред две години кога земјата ја погоди пандемија, а Хочул рече дека земјата постигнала „огромен напредок“.

„Поединци кои сакаат да продолжат да носат маски можат да продолжат да го прават тоа“, додаде таа.

Обврската за носење маски не е укината во училиштата, установите за згрижување деца, болниците, домовите за стари лица и јавниот превоз.

Share
Scroll to Top