Брнабиќ: Нов шеф на дипломатијата е Селаковиќ, Вулин на полиција

пред 3 години

Мандатарот за состав на новата српска влада Ана Брнабиќ за нов министер за надворешни работи треба да го именува генералниот секретар на претседателот на државата Никола Селаковиќ. Брнабиќ на пратениците во Собранието на Србија ќе им го предложи за министер за полиција Александар Вулин, а за одбрана Небојша Стефановиќ, како што соопшти по седницата на Претседателстовто на Српската напредна партија.

Досегашната пратеничка од Демократската партија Гордана Чомиќ е предвидена за министерка за човекови и малцински права и социјален дијалог.На Социјалистите им припаѓаат две министерски места, од кои едно без ресор, кои подоцна ќе бидат соопштени.

Брнабиќ рече дека тоа ќе биде влада полна со енергија подготвена за сите предизвици.

Share
Scroll to Top