Бројот на загинати во разорниот земјотрес на Хаити се искачи на 724 лица, а се проценува дека околу 2.800 се повредени.
Kарипската земја која е во шок од земјотресот, сега се подготвува за тропска бура, пренесува Раша Тудеј.
Земјотресот од 7,2 степени што ја погоди островската држава причини огромна материјална штета уништувајќи бројни згради во неколку градови и оставајќи ги улиците полни со урнатини.