Бугарскиот претседател Румен Радев доби негативен резултат од тестот за вирусот Ковид-19, изјави денеска неговиот портпарол.
Радев беше тестиран за коронавирус и се наоѓа во самоизолација по враќањето од Естонија, каде што учествуваше на самитот Иницијативата за три мориња и со оглед на тоа дека бил во контакт со лице кое е позитивно, пренесува БТА.
Тој беше тестиран на коронавирус во понеделникот и во вторникот навечер по враќањето од Естонија, што е трет пат да биде тестиран на Ковид-19.