Вашингтон најави уште 100 милиони долари помош за Украина

пред 4 години

САД најавија дека ќе испратат дополнителна помош за Украина во износ од 100 милиони долари, за таа земја да се спротивстави на руската инвазија.

„На Украина итно и требаат повеќе противтенковски системи Javelin, кои САД и ги достави на Украина и кои успешно се користат во одбраната на таа земја“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

– Светот беше шокиран и згрозен од ужасите што ги извршија припадниците на руските сили во Буча и во цела Украина – се вели во соопштението на американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Десетици тела беа откриени во украинскиот град Буча по повлекувањето на руските војници.

– САД и нашите сојузници и партнери одлучно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина – додаде тој.

Share
Scroll to Top