Велика Британија оди еден месец под клуч поради Ковид-19

пред 4 години

Британските пратеници одобрија едномесечна заклучување во Англија поради ширењето на коронавирусот. Со 513 гласа, пратениците го поддржаа планот на британскиот премиер Борис Џонсон, кој треба да спречи ширење на коронавирусот, кој лесно може да излезе од контрола и да доведе до колапс на здравствениот систем, пренесува Ројтерс.

Против предлогот се изјаснија 38 пратеници. Исходот од гласањето не беше неизвесен штом опозициската Лабуристичка партија објави дека ќе го поддржи потегот, иако го критикуваше Џонсон за неговата бавна реакција.

Премиерот на Велика Британија претходно го најави второто затворање на Англија, кое ќе трае од 5 ноември до 2 декември.Граѓаните ќе можат да ги напуштат своите домови само ако одат на работа, училиште или колеџ, во продавница, на здравствен преглед или ако сакаат да вежбаат на отворено.

Share
Scroll to Top