Мост се урна во американскиот град Питсбург само неколку часа пред претседателот Џо Бајден да го посети градот, пренесоа американските медиуми.
Интересно е што Бајден во Питсбург, град во американската сојузна држава Пенсилванија, требаше да зборува за лошата состојба на инфраструктурата. Пенсилванија има 3.353 мостови во лоша состојба, што ја прави втората најлоша американска држава.
Според нацрт-законот поддржан и од демократите и од републиканците, Пенсилванија треба да добие 1,63 милијарди долари помош од федералната влада во следните две години за обнова на мостовите.
#BREAKING: According to multiple reports, a snow-covered bridge in Pittsburgh has collapsed Friday morning.https://t.co/ZKAsKemifo
— ABC6 News Desk (@ABC6) January 28, 2022
Програмата за обнова на американските мостови, која е предвидена со тој закон, треба да потроши околу 27 милијарди долари низ САД за реконструкција на мостови.