(Видео) Експлозија на гас во супермаркет во Русија, има повредени

пред 4 години

Во експлозија на гас што се случи денес во супермаркет во рускиот град Владикавказ, повредено е едно лице и предизвикана е поголема материјална штета.

Властите во Владикавказ, главниот град на Северна Осетија, потврдија дека едно лице е повредено и дека најверојатно станува збор за ноќен чувар, а можно е уште едно лице да останало под урнатините по експлозијата, бидејќи зградата била целосно урната, пренесува ТАСС .

„Според првите податоци, во моментот на експлозијата во зградата имало неколку лица. Можно е едно лице да останало под урнатините“,  изјави за агенцијата извор од службата за спасување.

Супермаркетот каде што се случила несреќата бил затворен за купувачите во моментот на експлозијата

.

Share
Scroll to Top