(Видео) Експлозија на небото над Ријад

пред 3 години

Експлозија одекна денеска во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а причината засега е непозната.

Саудиската телевизија „Ал Арабија“ емитуваше извештаи на локалните медиуми за експлозијата и објави снимки од социјалните мрежи на кои се гледа ракетата пресретната над Ријад.

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која е ангажирана во Јемен, во саботата објави дека ја пресретнала и уништила непријателската цел лансирана кон Ријад.

Share
Scroll to Top