(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

пред 2 недели

Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.

Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.

Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.

Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.

Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.

Текстот (Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top