Европската унија подготви нови санкции за Русија и Белорусија

пред 2 години

Членките на Европската унија се договорија за нови санкции против Русија, но и Белорусија. Се наведува дека овој пакет мерки има за цел да го зголеми економскиот притисок врз Кремљ и дека има за цел да го оневозможи руското финансирање на инвазијата на Украина.

Најновиот пакет санкции ги вклучува овие мерки: забрана за увоз на руски јаглен во сите негови форми, целосна забрана за трансакции и замрзнување на имотот во четири руски банки, забрана за руски и белоруски превозници на товар кои работат во ЕУ и исклучување на Русија од договорите за набавка.

ЕУ размислува за дополнителни санкции, вклучително и за увоз на нафта и банкарски трансакции. Од Унијата посочуваат и дека намалувањето на зависноста од рускиот увоз на енергија е приоритет.

Share
Scroll to Top