Анкета: Половина Германци би примиле руска вакцина ако е одобрена од ЕМА

пред 3 години

Повеќе од половина од германските граѓани се подготвени да ја примат вакцината „Спутник в“ против коронавирусот, покажува истражување кое компанијата„Југов“ (YouGov) го спровела за германскиот весник „Ханделшблат“.

Според нивните податоци, 55% од Германците се подготвени да примат „Спутник в“ доколку вакцината е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), 14% биле неодлучни, а 19% одбиле руска вакцина, пренесува „Тасс“.

Од учесниците во истражувањето, 12 проценти воопшто не сакаат да се вакцинираат.

Претходно денеска германскиот министер Јенс Шпан изјави дека Германија ќе одржи билатерални разговори со руската страна за набавка на „Спутник в“, доколку биде одобрена во ЕУ.

Во средата, баварските власти објавија дека направиле меморандум со намера да соработуваат со рускиот Фонд за директни инвестиции за можен увоз и производство на вакцини.

Share
Scroll to Top