Во Тел Авив се вклучија сирените за воздушен напад, а светските медиуми пренесуваат дека кон градот се испалени ракети.
Претходно, палестинската оганизација Хамас се закани дека ќе го рекетира Тел Авив ако продолжат нападите на Израел во Газа.
JUST IN – Tel Aviv under attack. Direct hits reported. People heading to public bomb shelters.pic.twitter.com/InIEeqPJty
— Disclose.tv ? (@disclosetv) May 11, 2021
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, најави дека ќе ги засили нападите кон Газа.
Израелските медиуми јавуваат дека од Газа кон Израел се испалени 630 ракети. 480 паднале на територија на државата. Според извештаите од Израел, системите за противвоздушна одбрана пресретнале 90 отсто од проектилите кои оделе кон населени места.