(Видео) Кина: Воз излета од шини, кондуктерот загина, осум лица се повредени

пред 2 години

Воз на југот на Кина излетал од пругата при што загинал кондуктер, додека осум лица се повредени, јавува Си-Ен-Ен.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во 10:30 часот по локално време возот излетал откако удрил во остатоци од лизгање на земјиштето што се наоѓале на пругата додека се приближувал до округот Ронгјанг во провинцијата Гуижоу.

Кондуктерот починал во болница, а повредени се еден вработен и седум патници. Останатите 136 патници се евакуирани, а истрагата е во тек.

Кинеската мрежа за брзи возови вклучува пруга во должина од 37.900 километри.

Од 2011 година не е забележана поголема железничка несреќа, пренесуваат светските агенции.

Share
Scroll to Top