(Видео) Кралицата Елизабета: Горда сум на силниот дух што го покажа човештвото

пред 4 години

Во божиќната порака, британската кралица Елизабета Втора денеска им оддаде почит на сите граѓани за изразената солидарност во текот на годината одбележана од пандемија и рече дека по најтемната ноќ, има надеж за нова зора.

„Секако, ова време од годината ќе донесе тага за многумина, некои ќе жалат за загубата на најблиските, а други ќе бидат одделени од своите пријатели и семејства заради почитување на епидемиолошките мерки, а сите знаеме дека за Божиќ сакаме прегратка или ракување. Ако припаѓате меѓу овие луѓе, сакам да ви кажам дека не сте сами“, рече кралицата во претходно снимената порака што беше емитувана денес.

Според неа, и покрај тешкотиите, пандемијата на некој начин ги зближила луѓето, пренесува Би-би-си.

Кралицата (94), која, како и многу други, Божиќ го поминува далеку од своето семејство, рече дека луѓето во Велика Британија и ширум светот величествено се соочиле со предизвиците кои ги донесе годинава и дека е горда и трогната од тој тивок и нескротлив дух.

На крајот, таа особено им се заблагодари на младите, сите работници и други добри луѓе кои се борат против предизвиците на пандемијата и одлучно им помагаат на другите.

Share
Scroll to Top