Москва: НАТО сака конфликтот да продолжи

пред 2 години

Западната алијанса сака конфликтот да продолжи, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи по повод одлуката на НАТО од денешниот самит да продолжи да му дава поддршка на Киев, пренесе агенцијата РИА Новости.

Според соопштението на руското Министерство, Западот „жнее ужасна жетва“ поради неговата одлука да ја вооружи Украина, што ја охрабри украинската влада да употреби сила против народот во Донбас, пренесува Би-би-си.

Русија претходно изјави дека луѓето во Донбас (самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск) се соочуваат со „геноцид“.

Share
Scroll to Top