(Видео) Кризниот штаб на Србија предлага да се продолжи работното време на угостителите

пред 3 години

Кризниот штаб на Србија донесе одлука да се продолжи работното време на угостителските објекти, трговските центри, продавниците, како и услужните дејности, пренесуваат српските медиуми.
Работот време на сите објекти ќе биде продолжено до 20 часот.

Кафулињата и рестораните ќе мора да работат подолго отколку досега, но без музика, со оглед на тоа дека трансмисијата на вирусот значително е поголема кога луѓето разговараат погласно, се поопуштени и доаѓа до полесно пренесување на вирусот, по седницата рекол доктор Бранислав Тодоровиќ.

Оваа одлука на Штабот е предлог кој денеска ќе биде проследен до Владата на Србија, а која во текот на денот би можела на седница да го усвои.

Тоа би значело дека новото работно време ќе може да се примени веќе од утре.

Кафулињата и рестораните, трговските центри, услужните дејности како што се фризерници и козметичарски салони, како и сите продавници, освен прехранбените, сега работат до 17 часот, а за викенд се затворени.

Share
Scroll to Top