(Видео) Лукашенко добил повреди на лицето, бил удрен со палка

пред 3 години

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко се повредил на финалниот натпревар на аматерскиот хокеарски турнир во Минск, пренесуваат медиумите во таа земја.

Како што може да се види во пораката на Телеграм , која е блиска до прес-службата на претседателот, хокеарот од противничката екипа од регионот на Минск, случајно го удрил Лукашенко со стап во лицето, јавија агенциите.

Според написите било видливо дека инцидентот не влијаел на расположението на претседателот.

На видеото се гледа дека Лукашенко отишол на клупата, каде му била укажана лекарска помош.