Околу 23 часот силна експлозија одекна во близина на студентскиот дом во Загреб. Според првите информации од очевидци се претпоставува дека паднал воен авион.
Како што јавуваат медиумите во Хрватска, полицијата и пожарникарите излегле на лице место и веднаш го оградиле просторот околу големата дупка во асфалтот.
Според непотврдените изјави на очевидци, но и видео материјали, на местото каде што се случила експлозијата се гледаат делови од авионот или некој тип на авион или дрон, пишуваат медиумите од соседството.
A “plane” crashed in front of student dorm in Zagreb.
They say that one guy parachuted and landed near the area, and so far we know, no one is injured. pic.twitter.com/xG5hKTg352— Tomo Rajic (@Heavengo_01) March 10, 2022
Според првите официјални информации до кои дошол репортерот на Дневник.хр, се чини дека на местото на падот бил пронајден дел од моторот на авионот, кој направил кратер со дијаметар од околу три метри и длабочина од еден метар.
Во текот на ноќта пожарникарите се обиделе да отстранат уште еден предмет со падобран кој се заглавил на блиското дрво. Се уште не се знае што е предметот, јавуваат хрватските медиуми.
?? Unidentified flying object crashing in the capital of Croatia. Object that fell looks like a part of an aircraft engine. Crater is 3m wide and 1m deep.#Zagreb #Croatia pic.twitter.com/ArxsNVKmEo
— Based ?? (@Based_FIN) March 11, 2022
На десетина минути пред полноќ на местото на нападот пристигнала воената полиција. Воените и цивилните агенции за воздушен сообраќај велат дека не изгубиле ниту еден авион, додека медиумите наведуваат дека пронајдените делови околу студентскиот дом дефинитивно биле од авион. Црвена ѕвезда и букви на руска кирилица се гледаат во делот пронајден во кратерот, јавуваат медиумите.