Немирна ноќ ги очекува многу жители на Босна и Херцеговина поради обилните врнежи кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, јавуваат тамошните медиуми.
$bp(“Brid_36134720”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”894785″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Особено драматично е во кантонот Сараево и Херцеговско-неретванскиот кантон, пренесува порталот „Кликс“.
Најпогодена населба во кантонот Сараево е Рајловац, но тешко е и во Илиџа, Пале, источно Сараево, а драматично е и во Јабланица и Коњиќ.
Иако во текот на денот интензитетот на врнежите се намали, а водостојот на реките е во благо опаѓање, голем број жители од загрозените подрачја беа евакуирани, оставајќи зад себе поплавени куќи, деловни објекти, уништени патишта и заглавени автомобили.
$bp(“Brid_36123826”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”894443″,”autoplay”:0,”shared”:true});