Зеленски: Време е за договор за завршување на војната

пред 2 години

Украина е подготвена да ги донесе неопходните одлуки за ставање крај на војната во нејзиниот источен регион Донбас на новиот самит на лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Време е да се договориме за крај на конфликтот и подготвени сме за неопходните одлуки за време на новиот самит на лидерите на четирите земји“, рече Зеленски во изјавата.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, во истата изјава наведува дека Украина сака да се договори за мерки како што се спроведување на примирјето и поголема размена на затвореници.

Share
Scroll to Top