(Видео) Новинар и политичар се степаа среде емисија во Украина

пред 2 години

Новинарот Јури Бутусов и членот на Платформата за живот, Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата на Савик Шустер, „Слобода на говор“ во Украина.

Тепачката изби кога Шуфрич истакна дека „Платформата за живот“ е втора најсилна во парламентот, како и дека народот на Украина ја поддржува неговата страна, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници, по што ги обвини за предавство и ширење руска пропаганда во Украина.

Шустер се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека судот треба да одлучи дали некој е предавник“ но не успеа. Само неколку моменти подоцна Бутусов го удри Шуфрич по лицето, по што дојде до тепачка.

Кога ситуацијата малку се смири, Шуфрич го напушти студиото на неколку минути, а потоа се вратил и му рекол на ривалот дека е „обичен провокатор“, како и дека „се чеша како девојче“.

Share
Scroll to Top