Поради протести кои се очекуваат по утрешните избори во САД, сопствениците на продавници во Вашингтон ги обезбедуваат излозите, стравувајќи од нереди во изборната ноќ.
На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, можат да се видат сопствениците како поставуваат дрвени огради и заштита на излозите на своите продавници.
HAPPENING NOW: Downtown Businesses in Monument Circle are BOARDING UP ahead of potential unrest following tomorrows election. pic.twitter.com/3KYiiwvVFV
— Darius Johnson (@DariusJohnsonTV) November 2, 2020
Во меѓувреме, од Белата куќа соопштија дека подготвуваат нова ограда која ќе ја обезбедува, а по која никој нема да може да се качува, пренесуваат американските медиуми.
На американските председателски избори веќе гласале повеќе од 95 милиони Американци, што е потенцијално најголем одѕив на американските избори во современото време, објави изборниот проект на САД од Универзитетот Флорида.