(Видео) Полицијата во Лондон блокира дел од градот поради тревога во болница

пред 4 години

Лондонската полиција издаде кратко соопштение до граѓаните во кое се наведува дека во болницата Сент Томас се одвива „безбедносен инцидент“. Во меѓувреме, мостот Вестминстер беше затворен за сообраќај. Полицијата на својот твитер-профил објави дека наскоро ќе им дадат повеќе информации на граѓаните. Потоа полицијата на Твитер наведе дека вооружени полицајци влегле во болницата Сент Томас, никому не му било дозволено да влезе или да излезе од неа. Од полицијата додаваат дека ќе се обратат до јавноста кога ќе имаат повеќе информации, додека никој од болницата не се јавува во врска со инцидентот. Еден од очевидците рече дека видел многу вооружени полицајци и дека сè изгледа како областа да е затворена. Друг очевидец вели дека видел како граѓаните се тераат што е можно подалеку од мостот Вестминстер, објави „Дејли експрес“.

Share
Scroll to Top