(Видео) По пожарите Турција погодена од поплави

пред 3 години

Обилните дождови што ја погодија провинцијата Бартин во северна Турција предизвикаа поплави во некои области, а поројот на водата носеше возила, поплавени беа и многу деловни и станбени згради.

Поради дождот што започна во вторникот вечерта, патот се урна, а две лица беа заробени во возило погодено од водата додека 20 лица кои беа во поплавените куќи беа спасени.

Слична беше состојбата и со селаните во Зафер откако се излеа реката. Поплавени се неколку возила и згради во кои биле заробени локалните жители.

Во поплавените подрачја се испратени противпожарни екипи, полиција и медицински екипи, пренесуваат медиумите.

Поплави и свлечишта погодија и село во Улус. Таму една повозрасна жена била заробена во нејзината куќа која се урнала од надојдената вода.

Во округот Улус има голем број урнати мостови, патишта и куќи, поради што материјалната штета е голема.

Share
Scroll to Top