Во лизгање на земјиште во Колумбија што го предизвикаа обилните дождови загинаа најмалку 14 лица, јавува Би-Би-Си, а 35 лица се во болница откако свлечиште погоди неколку куќи во областа Доскебрадас.
Другите жители кои живеат во близина на надојдената река во близина се преместени на безбедно.
Спасувачките тимови во калта трагаат по преживеаните, соопштија колумбиските власти за управување со катастрофи.
Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе расте. Одроните се вообичаени во Колумбија, а куќите изградени на стрмни падини се особено загрозени за време на сезоната на дождови во земјата.
Во 2019 година, најмалку 28 луѓе загинаа по лизгање на земјиштето во југозападната провинција Каука. Две години претходно, повеќе од 250 луѓе загинаа кога лизгање на земјиштето го погоди градот Мокоа, во јужната провинција Путумајо.