(Видео) Се сруши зграда во Мајами Бич, во тек е операција за спасување

пред 4 години

На Мајами Бич, се урна зграда во среде ноќ според локално време, а Противпожарната служба испрати 80 единици на местото на настанот, беше објавено од нивна страна на Твитер.

Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушаат повици за помош.

Сè уште не е познато што го предизвикало уривањето на зградата на раскрсницата од 88-та улица и авенијата Колинс, пишуваат агенциите.

Засега нема детални извештаи за жртви, а пожарникарите соопштија дека во тек е операција за спасување.