(Видео) Се урна воен хеликоптер во Турција, загинаа над 10 лица

пред 4 години

Најмалку 11 турски војници загинаа во хеликоптерска несреќа што се случи синоќа на истокот од земјата, соопшти турското министерство за одбрана.

Во соопштението на Министерство се наведува дека, и покрај сите напори на лекарите, уште еден од повредените војници ја загубил битката за живот, пренесе агенцијата Анадолија. Во несреќата на лице место загинале деветмина од војниците, а двајца им подлегнале на повредите во болница.

Причината за падот на хеликоптерот, како што соопшти Министерството за одбрана, е дефект во авионот.

Хеликоптерот бил на пат кон Татван од блиската провинција Бингол кога исчезнал од радарот.

Share
Scroll to Top