(Видео) Трамп: Ни ги украдоа изборите и знам дека тоа боли, но вратете се во своите домови

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп, чии приврзаници денеска упаднаа во зградата на Конгресот, при што една жена беше застрелана и се наоѓа во критична состојба, а неколку полицајци беа повредени, се обрати до јавноста.

Тој првенствено се обрати на својата толпа што упадна во Конгресот. Во видео пораката, повторно зборуваше за изборна кражба.

„Знам дека е тешко за вас, имавме избори што ни беа украдени и сите го знаат тоа. Особено другата страна. Но, сега мора да си одите дома, ни треба мир, мора да имаме закон и ред, мора да ги почитуваме луѓето кои се грижат за редот и законот. Не сакаме некој да биде повреден. Никогаш не било вакво време кога може да земат сè од нас, од мене, од вас, од државата. Ова се украдени избори, но мора да имаме мир. Одете дома, ве сакаме, вие сте посебни, знам како се чувствувате, но одете во своите домови и одете во мир“, рече Трамп.

„Твитер“ веднаш забрани коментарање и допаѓање на објавата на Трамп, истакнувајќи дека обвинувањата за изборна кражба повеќепати биле побиени.

Share
Scroll to Top