(Видео) Турци во потрага по Ерменци во Лион: Етнички тензии околу конфликтот во Нагорно-Карабах

пред 4 години

Турски националисти маршираа низ периферијата на Лион, Франција, по насилните судири со етничките Ерменци кои блокираа еден автопат за да ја покажат својата поддршка за Ереван во неговата војна со Азербејџан во Нагорно-Карабах, пренесува РТ.

Припадниците на „Сивите волци“, турска националистичка група, излегоа на улиците во предградието на Лион и блиската општина во средата вечерта, откако претходно, наводно, неколкумина Турци биле повредени од ерменски демонстранти.

Независниот синдикат на полициски комесари на Франција преку твит соопшти дека 150 „премногу возбудени лица“ учествувале во „казнена експедиција во потрага по Ерменците“ во Виен, комуна 35 км јужно од Лион. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како група луѓе викаат и веат турски знамиња додека се движеле низ Виен, додека полициски автомобил се повлекува.

Групата ги наполни и улиците на Десине, предградие на Лион. На едно видео, толпата се слуша како скандира: „Алаху Акбар“, „Каде се Ерменците?“ и „Е*и се Ерменија, ќе ве е***е“, објавија француските медиуми.

Немирите доаѓаат неколку часа откако стотици етнички Ерменци го блокираа автопатот А7, што ги поврзува Лион и Марсеј, како дел од протестот против воените дејствија на Азербејџан и Турција во спорниот регион Нагорно-Карабах. Подоцна започнаа расправии, а турските медиуми тврдат дека патниците, некои од нив турски државјани, биле спречени да поминат.

Според извештаите на медиумите, неколку лица се здобиле со повреди за време на судирите.

Ерменија и Турција се жестоки ривали, особено поради горчливото наследство од 20. век од геноцидот врз Ерменците од страна на Отоманската империја, во кој загинале околу 1,5 милиони луѓе, но и поради долгогодишната воена и политичка поддршка на Анкара за Азербејџан.

Минатиот месец избувна војна меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно- Карабах, при што двете земји меѓусебно се обвинија за употреба на воена агресија и гранатирање цивили.

Турција е гласен поддржувач на Азербејџан во конфликтот и се соочи со обвинувања за обезбедување директна воздушна поддршка на Баку како и за испраќање на сириски џихадисти во регионот. Анкара ги негираше обвинувањата.

Регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но во кој живее мнозински ерменско население, еднострано прогласи независност од Баку во раните 90-ти и оттогаш е поддржуван од Ерменија. Азербејџанските власти, кои сметаат дека областа е незаконски окупирана од Ереван, ветија дека ќе ја вратат контролата врз неа.

Share
Scroll to Top