(Видео) Украина ги повика мајките на заробените руски војници да дојдат по нив

пред 2 години

Украинската армија денеска ги повика мајките на руските војници заробени на украинска територија да дојдат по нив, наведувајќи дека од почетокот на руската инвазија на земјата биле заробени десетици војници, пренесува „Ал Џазира“.

„Донесена е одлука заробените руски војници да се предадат на нивните мајки доколку дојдат во Украина да ги земат, поточно во Киев“, се вели во соопштението на украинското Министерство за одбрана.

Објавени се телефонски броеви и електронски адреси преку кои мајките можат да добијат информации за нивните синови, затвореници во Украина.

Доколку се потврди дека нивниот син е заробен, руските мајки се поканети да дојдат во Полска, а потоа од Полска да влезат во Украина.

$bp(“Brid_46250454”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”965581″,”autoplay”:0,”shared”:true});

„Ќе бидете пречекани и испратени до Киев, каде што ќе ви бидат предадени вашите синови“, соопшти украинското министерство, додавајќи дека за разлика од, како што се вели, фашистите на Путин, тие не водат војна против мајките и нивните заробени деца, пренесе „Бета“.

„Ал Џазира“ потсетува дека за време на конфликтот меѓу Москва и чеченските сепаратисти во 1990-тите и 2000-тите, мајките оделе на местото на настанот за да ги земат своите заробени синови или телата на нивните мртви синови. Бројни млади руски регрути беа испратени на фронтот, а некои биле заробени.

Share
Scroll to Top