(Видео) Хаос на протести против мерките во Германија, нападнати полицајци

пред 3 години

Напади врз полицијци и новинари имаше на синоќешните протести на противниците на анти-ковид мерките во Германија.

Во Росток дошло до судир на насилници, членови на навивачки групи, со полицијата, по завршувањето на протестот.

По собирот група луѓе продолжиле да се шетаат низ центарот на градот, а потоа дошло до судир со полицијата.

Новинари биле нападнати за време на демонстрациите против рестриктивните мерки во Косвиг.

Полицијата уапсила 40-годишен маж осомничен за напад на новинар.

Инаку, новинарите кои го следеле протестот, на „Твитер“ објавија дека се соочиле со удари, навреди, па дури и дека фрлале по нив со шишиња.

Share
Scroll to Top