(Видео) Хезболах: Ова не е доволно

(Видео) Хезболах: Ова не е доволно

пред 6 месеци

Либанската група Хезболах повторно отвори оган врз израелските војници, а објави и видео на кое се гледа уништувањето на израелските позиции.

Хезболах постојано со ракети и гранати цели врз позициите на израелската граница.

Ново видео објавено од либанска политичка партија и милитантна група го прикажува уништувањето на позициите на израелската армија. Може да се забележат и борци на Хезболах како учествуваат во жестока размена на оган.

На крајот од видеото се прикажува како се отвора капакот на ракетниот фрлач со порака: „Ова не е доволно“.

Израелската армија соопшти дека четворица нејзини војници биле тешко ранети во нападите. Хезболах вели дека на северот на Израел е одговорот на нападот врз Газа.

На 3 ноември, генералниот секретар на Хезболах и лидер Хасан Насралах им се обрати на поддржувачите во Либан, велејќи дека неговата група ќе го зголеми воениот притисок врз Израел.

Тензиите се разгореа долж границата меѓу Израел и Либан во услови на повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири откако двете страни влегоа во војна во 2006 година.

Насралах најави ново обраќање кон јавноста.

Текстот (Видео) Хезболах: Ова не е доволно е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top