Поранешниот републикански гувернер на Калифорнија, холивудскиот актер Арнолд Шварценегер, упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес го спореди со нацистичките напади на Евреите, за време на Втората светска војна. Доналд Трамп го нарече најлошиот претседател од кога било.
Шварценегер, кој е роден во Австрија, која била дел од Третиот Рајх, рекол дека се присетил на своето детство, бидејќи е роден две години по завршувањето на Втората светска војна.
My message to my fellow Americans and friends around the world following this week’s attack on the Capitol. pic.twitter.com/blOy35LWJ5
— Arnold (@Schwarzenegger) January 10, 2021
Седнат на маса и придружуван од американско и калифорниско знаме, Шварценегер ги изнесе своите искуства растејќи во Австрија.
„Бидејќи сум од Европа, видов од прва рака како работите можат да излезат од контрола“, рече тој.
За неколку часа, 7-минутното видео привлече речиси 10 милиони прегледи на Твитер.