(Видео) Џамбазки: За Србија нема место во ЕУ

пред 2 години

Ангел Џамбазки, бугарскиот пратеник на ВМРО во Европскиот парламент  ја нападна Србија, изјавувајќи дека за неа нема место во Европската Унија бидејќи прави провокации во Косово и Босна и Херцеговина, пишува „Б92“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„За Србија нема место во ЕУ, Србија прави провокации на Косово, Србија прави провокации во Босна и Херцеговина. Србија ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Србија планира во Ниш да го изгради најголемиот руски шпионски центар во Европа“, изјави Џамбазки.

Тој додаде дека „Србија ги поттиснува Хрватите и Бугарите“ и дека „гледа како да ги асимилира и протера“.

„Србија, која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во ЕУ. Разберете го тоа“, рече Џамбазки.

Б92 анализира дека овие напади врз Вучиќ и Србија немаат никаква основа, бидејќи Србија е земја гарант на мирот и стабилноста и мудро одговара на провокациите кои доаѓаат од Приштина, Сараево и Загреб.

Покрај тоа, пишува Б92, Србија ја осуди руската агресија и го поддржа територијалниот интегритет на Украина. Претседателот Вучиќ со својата независна политика повеќепати докажа дека Србија не седи ниту на руската, ниту на американската фотелја – туку само на српската, се наведува во коментарот.

„Јасно е дека овие напади доаѓаат сега затоа што претседателот Вучиќ застана во одбрана на целиот Западен Балкан, дека Европа ја сфати важноста на иницијативата „Отворен Балкан“ и дека Вучиќ мудро ги советуваше жителите на Северна Македонија, која инаку е попречена од Бугарија во процесот на пристапување кон ЕУ“, пишува Б92.

Вучиќ синоќа изјави дека не може да им каже на Македонците дали е добар францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, но и дека не треба да прифатат или да отфрлат нешто априори. Вучиќ рече и дека Србија е на европскиот пат и дека на отворањето на преговорите меѓу Србија и ЕУ му претходело прифаќањето на Бриселскиот договор, што е тешко, но дека отворањето на преговорите помогнало многу.

Share
Scroll to Top