(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра

(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра

пред 1 недела

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.

Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.

Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.

Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.

Текстот (Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top