Урош Р. (19) од Белград е уапсен под сомнение дека во вежбалница во Нов Белград претепал вработена во тој објект и преку социјалните мрежи им се заканувал на работниците.
Тој се заканил дека ќе ја убие девојката и ѝ порачал дека вечерта ќе ја заврши на дното од Дунав со бетонски чизми.
Момчето направило сцена во вежбалницата „Ахил“ во Нов Белград, бидејќи вработените не го пуштиле да седи зад пултот. Потоа ја напуштил салата, објавил отворени закани преку социјалните мрежи, по што се вратил и ја претепал девојката.
$bp(“Brid_25745385”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”428″,”video”:”822124″,”autoplay”:0,”shared”:true});
„Се случија два напада. Првиот бил околу 15 часот кога пришол кон девојка која работи во вежбалницата и барал да седне зад пултот за да разговара со неа. Таа му рекла дека не може, по што со стол замавнал кон неа. Започнал да ѝ се заканува дека ќе ја убие, а тука се нашол и менаџерот на салата, на кого исто така му се заканил со смрт.
Потоа тој избегал, а ние отидовме во полиција и го пријавивме нападот. Во исто време, момчето објави видео на социјалните мрежи во кое упати отворени закани кон девојката. Тој ѝ порача дека ќе заврши во бетонски чизми на дното на реката. Откако завршивме со пријавувањето во полиција, напаѓачот се вратил во салата, каде ја претепал нашата вработена“, изјавил за „Блиц“, Александар Ѓорѓевиќ, сопственик на вежбалницата.