Русија и Кина достигнаа невидено ниво на партнерство, меѓусебно ги почитуваат интересите и имаат стабилизирачка улога на меѓународната сцена, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред да замине за Пекинг.
Во напис за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, Владимир Путин изјави дека обемот на трговската размена меѓу двете земји ги урна сите рекорди.
Тој посочи дека Русија и Кина формираат механизми за израмнување на негативното влијание на санкциите.