Внуката на Трамп: Се шокирав кога слушнав дека дедо ми е ранет

Внуката на Трамп: Се шокирав кога слушнав дека дедо ми е ранет

пред 12 месеци

Внуката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, 17-годишната Каи, денеска за време на Националната републиканска конвенција во Милвоки зборуваше за шокот што го доживеала кога слушнала за атентатот и дека нејзиниот дедо бил ранет.

„Само сакав да знам дали е добро. Те крши срцето кога гледаш што може некој да направи на друга личност. Многу луѓе го натераа дедо ми да помине низ пеколот, но тој се уште е на нозе“, рекла Каи, која, како што рекла, сакала да го сподели со публиката она што повеќето луѓе не го гледаат, пренесе Си-Би-Ес Њуз.

Таа додаде дека Трамп е грижлив и полн со љубов, иако медиумите го прикажуваат како сосема поинаква личност.

Текстот Внуката на Трамп: Се шокирав кога слушнав дека дедо ми е ранет е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top