(Вознемирувачко видео) Убиен висок руски функционер, извлечен од урнатините во украинскиот напад

(Вознемирувачко видео) Убиен висок руски функционер, извлечен од урнатините во украинскиот напад

пред 2 години

Министерот за вонредни ситуации на ЛПР, Алексеј Потелешченко, е убиен за време на украинското гранатирање на Лисичанск на 3 февруари, соопштија властите на ЛПР. Снимен е моментот кога војниците го извлекуваат телото на едно лице од урнатините. Видеото има вознемирувачка содржина.

Надлежните само кусо информираа за смртта на министерот, без конкретни детали. Москва го карактеризира гранатирањето на Лисичанск како „терористички чин“.

„Континуираните напади врз цивилната инфраструктура, во овој случај на пекарница, претставуваат монструозен терористички чин, бројот на жртвите зборува за монструозноста на овој терористички чин“,  изјави Песков за новинарите.

Во саботата, 3 февруари, украинските војници гранатираа пекарница во Лисичанск. Според последните податоци, бројот на жртвите се искачи на 28, а меѓу нив е и петгодишно дете.

Текстот (Вознемирувачко видео) Убиен висок руски функционер, извлечен од урнатините во украинскиот напад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top