Кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19 во Бразил, се повеќе ги погодува младите, ова се податоци од болниците собрани во текот на минатиот месец, според кои повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години.
Извештајот е објавен од Бразилското здружение за интензивна медицина и се базира на податоци од повеќе од третина од единиците за интензивна нега во земјата, кои бележат голем пораст на бројот на пациенти кај помладата популација на кои им е потребна интензивна нега, пишува Ројтерс.
За прв пат од избувнувањето на пандемијата со коронавирусот во Бразил, 52 проценти од капацитетите за интензивна нега се пополнети со пациенти помлади од 40 години.
Повеќе од 82.000 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани денес во Бразил, со што вкупниот број на заразени достигна 13,5 милиони.
Други 3.808 пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирусот.
Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени и втора според бројот на смртни случаи од последиците од инфекцијата со коронавирусот.
Навални беше затворен во февруари и беше осуден на две и пол години затвор за кршење на условна казна.
„Русија, или поточно руските власти, можеби го водат Навални во ситуација на бавна смрт и се обидуваат да го прикријат она што навистина му се случува“, изјави минатата недела за „Ројтерс“ генералната секретарка на „Амнести Интернешнл“, Агнес Каламард.