Во Кина повторно расте бројот на заразени со Ковид-19

пред 3 години

Во Кина се потврдени 47 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број за повеќе од два месеци, објави националното здравствено тело.

Од новите случаи, 23 биле локални инфекции, додека другите биле т.н. увезени инфекции со потекло од странство.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина сега е 85.915, додека бројот на смртни случаи остана непроменет, 4.634.

Share
Scroll to Top