САД ја блокираа Русија да плати обврзници од 600 милиони долари

пред 2 години

Соединетите Американски Држави ја блокираа руската влада да плати повеќе од 600 милиони долари. Станува збор за резерви кои биле во американските банки.

Овој потег доаѓа како мерка за дополнително зголемување на притисокот врз Русија по инвазијата на Украина.

Според санкциите кои беа воведени на 24 февруари, резервите во странска валута што Централната банка на Русија ги чуваше во американските финансиски институции беа замрзнати и ставени надвор од употреба за Русија.

Меѓутоа, американското Министерство за финансии и дозволи на Русија да ги искористи овие средства за отплата на државниот долг, кој е деноминиран во долари, но се одлучуваше од случај до случај.

Во понеделникот, бидејќи доспеваше најголемата исплата, вклучително и главнината од 552,4 милиони долари за обврзници, владата на САД одлучи целосно да го блокира пристапот до овие средства, пренесува Ројтерс.

Овој потег има за цел да ја принуди Русија да донесе тешка одлука дали да ги користи доларите што сè уште ги има со себе за отплата на долгот или за други цели кои вклучуваат водење војна, објасни портпаролот на американското Министерство за финансии.

Соединетите Американски Држави рекоа дека по оваа блокада Русија мора да одлучи околу трошењето на резервите во долари.

Share
Scroll to Top