Во Минхен експлодира бомба од Втората светска војна, повредени се три лица

пред 5 години

Околу 13 часот денеска одекна силна експлозија во центарот на Минхен.

Експлозијата се случила недалеку од мостот „Донерсбергер брике“ во близина на главната железничка станица.

Според најновите информации кои ги пренесуваат агенциите, експлодирала воздушна бомба од Втората светска војна.

Повредени се три лица.

Мостот „Донерсбергер брике“ се наоѓа недалеку од главната железничка станица во центарот на Минхен, поради што дошло до потешкотии во градскиот сообраќај.

Share
Scroll to Top