Во немирите во Казахстан загинаа осум полицајци и припадници на Националната гарда, а 317 се повредени.
Протестите во Казахстан започнаа во првите денови од новата година. Жителите на Жанаозен и Актау излегоа на митинзи, протестирајќи против двојното поскапување на гасот, што Министерството за енергетика го образложи со тоа што од 1 јануари на електронските берзи почнаа да се формираат цени врз основа на понудата и побарувачката.
Протестите и судирите продолжија и денеска се проширија во другите градови, барајќи од претседателот Токаев оставка.