Во Полска највисока дневна бројка на новозаразени во последните четири месеци

пред 3 години

Во Полска, во изминатите 24 часа се потврдени 21.049 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на новозаразени од ноември минатата година.

Полското Министерство за здравство објави дека уште 343 лица починале како резултат на компликации од Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Од почетокот на пандемијата во Полска се забележани 1.889.360 случаи на Ковид-19, а починале 47.068 лица.

Share
Scroll to Top