Голем број училишта во Република Српска, БиХ, денеска се затворени по синоќешните заканите за бомби, а полицијата најави дека врши темелна проверка на училиштата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Заканите за бомби биле испратени по електронска пошта на адресите на училишта од северозапад до крајниот југоисток на земјата, што предизвика прекин на наставата на илјадници ученици.
„Нашата мисија е да убиваме“ и „сите ќе умрете“ се дел од содржината на заканувачките пораки напишани на кирилица, пренесува хрватски „Индекс“.
Министерството за внатрешни работи на РС потврди дека ги истражува сите закани, а деминери ги пребаруваат училиштата кои добиле заканувачки пораки.
„Училиштата нема да работат додека не заврши антидиверзантскиот преглед, односно нема безбедносни закани“, се вели во соопштението.
Минатата недела, многу училишта во Сараево беа евакуирани поради слични закани, односно закани за бомби преку електронска пошта. Се испостави дека сите закани биле лажни, а полицијата и натаму го истражува случајот. Утврдено е само дека заканите биле упатени од рускиот интернет домен, но експертите предупредуваат дека тоа не се доволни информации за какви било конечни заклучоци.