Во Словенија со ПЦР тест ќе смеат да влегуваат само граѓани од ЕУ

пред 3 години

Словенија ги промени правилата за влез во земјата, пришто сега со ПЦР тест ќе се примаат само државјани на земји-членки на Европската Унија или Шенген-зоната.

Според новата одлука, веќе не е можно да се влезе во Словенија со негативен ПЦР- тест направен во институции во земја надвор од ЕУ.

Со тоа, влез во Словенија од земјите на тнр. „црвена листа“ без домашен карантин или без приложување негативен тест е можен само во седум случаи:

1. Прекуграничен мигрант, кој е вработен во една од земјите-членки на Европската унија или друга земја од Шенген зоната, за што има доказ, односно со потпишана изјава ја докажува причината за преминување на границата како дневен мигрант за работа и се враќа во рок од 14 часа од преминување на границата;

2. Лице кое извршува задачи во меѓународниот транспортен сектор, а тоа ќе го докаже со „Уверение за работници во меѓународниот транспортен сектор“ или друг соодветен документ од работодавачот;

3. Лице кое превезува стока во Република Словенија или од Република Словенија во комерцијален сообраќај, како и за товарен сообраќај во транзит и ја напушта Република Словенија во рок од 8 часа по преминувањето на границата;

4. Лице кое патува транзитно низ Република Словенија и ја напушта Република Словенија не подоцна од 6 часа по влегувањето;

5. Претставник на странско безбедносно тело (полиција или судство), кое извршува службена задача и ја напушта Република Словенија што е можно поскоро по извршувањето на задачата.

6. Лице донесено во Република Словенија со брза помош, како и медицинска придружба во тоа возило;

7. Лице со дипломатски пасош.

 

Share
Scroll to Top