Во последните 24 часа на коронавирус во Србија биле тестирани вкупно 13.286 граѓани, од кои 3.469 биле новозаразени, а 16 пациенти починале.
Во моментов има 164 пациенти на апарати за дишење во болниците низ Србија.
Вчера биле тестирани 10.368 граѓани, од кои 2.809 биле новозаразени, а 14 пациенти починале.
Бројот на новоинфицирани лица е сè уште на високо ниво, така што сè повеќе се зборува за ново засилување на епидемиолошките мерки.
Инаку, според последните податоци, на Србија досега се дадени 1.436.682 дози вакцина против коронавирус, а 511.999 лица ја примиле втората доза на вакцината.
Денес во Србија пристигна нов контингент од 58.500 дози вакцина против коронавирус на „Фајзер – Бионтек“.