Според последните информации, во Србија се регистрирани 6.842 нови случаја на коронавирус, а 37 лица починале.
Вкупно се тестирани 21.476 лица, 225 лица се приклучени на апарати за дишење, а хоспитализирани се вкупно 729 лица.
Досега во Србија од коронавирус се заразиле вкупно 133.029 лица, а регистрирани се 1.274 смртни случаи.